Aлбанија ќе игра во Лига Б, Белорусија може да застане на патот на Македонија!

Фудбалерите на Албанија се радуваа против Белорусија на домашен терен со 2-0 и на тој начин дојдоа до првото место во групата кое им носи пласман во Б-лигата.

Албанија до победата стигна со по еден гол во двете полувремиња, Реј Манај погоди во 28-та минута, а тримуфот го потврди Хисај на нешто помалку од истекот на еден час игра.

Белорусија така остана второто место со што стана и потенцијален ривал на Македонија во баражот за место во Б-лигата.

Покрај Белорусија, Македонија за потенцијални противници ги има Кипар или Естонија, а последниот можен ривал ќе го дознаеме од сребата помеѓу Фарски Острови и Молдавија.

Останати резултати:

Летонија – Ерменија 0-0

Белорусија – Албанија 0-2

Финска – Сан Марино 7-2