Роналдињо не разочара во Равена: Беше на чекор од асистенција и учествуваше во акција за гол (ВИДЕО)

По 11 години пауза, легендарниот Роналдињо денеска настапи на официјален натпревар и тоа во дресот на италијанската Равена за која одигра едно полувреме.

Бразилецот натпреварот го почна од првата минута и одигра едно полувреме во кое за еден 46-годишник воопшто не остави лош впечаток. Равена со него на теренот во дуелот од третата италијанска лига против Форли постигна еден гол.

Токму Роналдињо учествуваше и во акцијата во 36-тата минута кога Донати го постигна погодокот со удар од далечина. Беше многу блиску Роналдињо и да запише асистенција по едно одлично нафрлување од корнер, меѓутоа голманот на гостите одлично интервенираше.

Равена до крајот постигна и уште еден погодок во второто полувреме и го доби натпреварот со 2-0.

Роналдињо договор со Равена потпиша на почетокот на оваа сезона со цел да го постигне 300-тиот гол во кариерата, дали ќе има нов настап ќе видиме во наредниот период.