Италија поведе, па за 11 минути прими три гола (ВИДЕО)

Белгија води со 3-1 по половина час од дуелот против Италија иако почетокот на мечот не беше според желбите на домаќинот.

Пио Еспозито ја продолжи голгетерската серија во дресот со националниот грб, но потоа следуваше бура на домашната селекција. Во период од 11 минути, Белгијците постигнаа три гола и целосно го свртеа резултатот во своја корист.

На 1-1 израмни Де Кујпер, а по него погодија уште Нгој и Доку за убедлива предностт на домашната репрезентација која со победа ќе обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на нации.