Aлбанија ќе игра во Лига Б, Белорусија може да застане на патот на Македонија!
Албанија до победата стигна со по еден гол во двете полувремиња, Реј Манај погоди во 28-та минута, а тримуфот го потврди Хисај на нешто помалку од истекот на еден час игра.
Белорусија така остана второто место со што стана и потенцијален ривал на Македонија во баражот за место во Б-лигата.
Покрај Белорусија, Македонија за потенцијални противници ги има Кипар или Естонија, а последниот можен ривал ќе го дознаеме од сребата помеѓу Фарски Острови и Молдавија.
Останати резултати:
Летонија – Ерменија 0-0
Белорусија – Албанија 0-2
Финска – Сан Марино 7-2