Хрватите во паника, Арена Спорт се повлекува: Каде ќе гледаме ЛШ и Премиерлига?
Сопственик на „Арена Спорт“ е „Телеком Србија“, кој уште во февруари 2025 година најави повлекување од Хрватска и Словенија, како и прекин на купувањето нови спортски права за овие пазари.
Иако претходно се шпекулираше дека каналите би можеле да престанат со емитување уште од 1 јануари 2027 година, таков датум засега не е официјално потврден од страна на сопственикот на телевизијата.
Најголемата неизвесност се однесува на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. УЕФА веќе ја започна продажбата на телевизиските права за периодот од сезоната 2027/28 до 2030/31, но сè уште не е познато која телевизија или платформа ќе ги обезбеди за хрватскиот пазар.
Што се однесува до англиската Премиер лига, „Арена Спорт“ ги има правата во Хрватска до крајот на сезоната 2027/28, додека договорот за италијанската Серија А важи до крајот на сезоната 2028/29. За шпанската Ла Лига веќе е познато дека преносите ќе бидат на „Спорт Клуб“ до крајот на сезоната 2029/30, со сите 380 натпревари во секоја сезона.