Проблеми пред мечот со Шкотска - двајца фудбалери се пожалиле на повреда!
Седлоски посочи дека Димитар Митровски и Езгјан Алиоски се пожалиле на повреди на последниот тренинг.
„Здравствената состојба во репрезентацијата е добра, иако двајца фудбалери се пожалија на повреди на последниот тренинг, а тоа се Димитар Митровски и Езгјан Алиоски. Сепак, мислам дека ќе бидат во ред и ќе можат да настапат со Шкотска“, кажа Седлоски.
Дуелот меѓу Шкотска и Македонија се игра утре од 20.45 часот во Глазгов.