Ѓулер постигна фантастичен гол од слободен удар против Белгија (ВИДЕО)

Турција губи со 1-2 од Белгија на полувреме во Лигата на нации, а првото полувреме го одбележа мајсторскиот гол на Арда Ѓулер.

Ѓулер од слободен удар ја затресе мрежата на Белгија и донесе предност од 1-0, но радоста на Турција не траеше долго.

Кевин Де Брујне и Чарлс Де Кетеларе стрелаа за целосен пресврт на Белгија и водство на полувреме од 2-1.