Струмица немоќна на гости кај Валепа во Челинџ Купот
Екипата од Финска доминираше во првиот сет и го освои со 25-13, додека во следниот Струмица заигра подобро, но домаќинот повторно беше подобар со 25-20.
Третиот сет повторно заврши во корист на Валепа, која со 25-17 ја запиша убедливата победа.
Најефикасен во македонскиот тим беше Тејлор Трип со 10 поени.
Фото: ОФМ/ Вангел Тануровски