Гаштаров: Кога го носиш македонскиот дрес не ти треба друга мотивација!
Гаштаров кажа дека поголема мотивација од дресот на Македонија не постои и посочи дека треба да остават срце на терен.
„Кога го носиме дресот на Македонија, не ви треба друга мотивација. Играме против една голема Шкотска, која има квалитетна репрезентација. Имаме и ние одлични фудбалери, кои се во добра форма. Треба да оставиме срце на терен и да уживаме.
За мене ова е нешто ново, во само 20 дена ми се смени цел живот. Кога ќе излезам на теренот, сакам да уживам. Играме против големи репрезентации, но немам притисок, уживам во фудбалот“, кажа Гаштаров.
Натпреварот меѓу Шкотска и Македонија се игра утре од 20.45 часот на „Хампден Парк“ во Глазгов.