Ѓулер постигна спектакуларен гол, но Турција загуби од Белгија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Белгија оствари важна победа од 2-1 на гостувањето кај Турција во петтото коло од Лигата на нации.

Турците подобро го отворија натпреварот, а до предност стигнаа во 20. минута. Арда Ѓулер покажа извонредна техника и со прекрасен удар од слободен удар ја испрати топката во мрежата за водство од 1-0.

Сепак, радоста на домашните навивачи траеше само седум минути. Кевин Де Брујне ја искористи можноста и го израмни резултатот, а Белгија продолжи со нападите и набрзо стигна до целосен пресврт. Чарлс Де Кетеларе го постигна вториот гол за гостите и донесе водство од 2-1.

Во продолжението резултатот не се промени, па Белгија ги освои трите бода на тешкото гостување. По пет одиграни натпревари, белгиската репрезентација има девет бодови, еден помалку од лидерот Франција.