Кузмановски со моќна порака пред дуелот со Луксембург - сонува за ново Европско!
Националниот тим утре ќе ја пречека селекцијата на Луксембург во спортскиот центар „Борис Трајковски“, со цел да почне со победа, а три дена подоцна ќе ѝ гостува на Грција.
„Во изминатиот период задрживме континуитет на големите натпреварувања, кој сакаме да го продолжиме и мислам дека од првенство во првенство напредуваме. Оваа генерација за која се зборуваше порано дека надоаѓа, мислам дека сме позрели и имаме доволно првенства во нашите нозе. Сега сме поискусни, посакуваме и сонуваме за уште едно ново првенство. Одиме чекор по чекор, задачите ни се дадени и сѐ е јасно. Треба да одговориме на она што е спремно. Никого не го потценуваме, без разлика што имавме малку време за подготовка, против Луксембург ни следи интересен меч пред домашна публика. Мора да бидеме спремни, да ја почитуваме тактиката. Сакаме да победиме и во добра атмосфера да се соочиме со Грција“, изјави Кузмановски.