Бизарно: Натпревар во Србија е одложен затоа што снемало струја!

Натпреварот од 14. коло во српската Суперлига меѓу Раднички Ниш и Железничар, кој требаше да се одигра денеска во 18:00 часот, официјално е одложен.

Поради поголем дефект на електроенергетската мрежа, кој предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија, не биле исполнети условите за одигрување на натпреварот во планираниот термин.

Според најавите дуелот нема да се одигра ниту утре, а како нов термин се споменува 25 ноември.