Tен Хаг: Манчестер јунајтед може да испадне од Премиер лигата

Манчестер јунајтед има ужасен почеток на сезоната, а ситуацијата со тимот е толку лоша што дури се зборува и за испаѓање од Премиер лигата.

Ерик Тен Хаг кој своевремено исто така не се прослави на „Олд Трафорд“ беше запрашан од новинарите на „ЕСПН“ дали Јунајтед би можел навистина да испадне и според Холанѓанецот тоа не е невозможно.

„Во Премиер-лигата тоа дефинитивно е можно, бидејќи сите екипи се силни. Сите имаат квалитетни состави, добри тренери и добри фудбалери... па затоа ситуацијата може да стане тешка. Ако еднаш се најдете на погрешната страна од табелата и навистина влезете во тој маѓепсан круг, тогаш работите можат да станат многу, многу тешки“, изјави Тен Хаг.

Јунајтед во овој момент се наоѓа на 17-тата позиција со само седум бода по девет кола, два повеќе од последнопласираниот Сандерленд.