Ќе има тужба поради скандалот со обложување на „Златната топка“!

Групацијата „Амаури“, сопственик на магазинот „Франс Фудбал“, кој ја доделува „Златната топка“, подготвува официјална тужба поради сомнителни обложувања поврзани со изборот на Хари Кејн за најдобар фудбалер.

Според информациите објавени од агенцијата АФП, сомнежите се однесуваат на можноста резултатите од гласањето да протекле пред официјалното прогласување на победникот минатиот вторник во Лондон.

Финансискиот портал „Апсајд“ објави дека на платформата „Полимаркет“ биле уплатени околу 265.000 долари преку 12 сметки, а особено сомнително е што бил погоден точниот редослед на првите петмина во изборот.

На врвот се најде Хари Кејн, пред Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Родри и Лионел Меси.

Од „Амаури“ порачуваат дека интегритетот на наградата е најважен и дека во тек се проверки со цел да се утврди дали имало злоупотреби и кој би можел да одговара за нив.