Венус никако да победи – го загуби 17. меч во низа!
Американската ветеранка, која има 46 години, беше елиминирана уште во првото коло на ВТА-турнирот во Хонгконг, откако загуби од сонародничката Мери Стојана со 6-2 и 6-3.
За поранешната најдобра тенисерка во светот ова беше 17. последователен пораз во сингл конкуренција, што ја продолжи нејзината лоша серија.
Стојана, која има 23 години и се наоѓа на 113. место на ВТА-листата, немаше поголеми проблеми да ја совлада искусната Американка. Во првиот сет двапати ѝ го одзеде сервисот, а во вториот Вилијамс успеа да поведе со 3-2, пред противничката да освои четири гема во низа и да го затвори мечот.
Во осминафиналето младата Американка ќе игра против победничката од дуелот меѓу првата носителка, Романката Сорана Кирстеа, и Узбекистанката Марија Тимофеева.