Хорор сцена во Шпанија: Фудбалер остана без свест, натпреварот беше прекинат! (ВИДЕО)
Напаѓачот на гостите, Хесус де Мигел, тргна по топката во воздух, но голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча од својот гол и со силен удар го собори противничкиот фудбалер. Де Мигел остана да лежи на тревникот без свест, а Овоно веднаш доби црвен картон.
Медицинските екипи неколку минути се обидуваа да му помогнат на повредениот напаѓач, кој потоа беше изнесен на носилки. Судијата, по разговорите со капитените и тренерите, одлучи натпреварот да не продолжи.
Де Мигел итно беше пренесен во болницата „Ла Канделарија“. Според шпанските медиуми, тој доживеал срцев застој, но лекарите успеале да му го вратат пулсот со реанимација во возилото на итната медицинска помош. Сепак, засега последните информации се дека тој и понатаму е во бессознанине, иако почнал да дише самостојно.
🔵⚪️ | Golpe fortísimo de Owono sobre Jesús de Miguel que hace que salten todas las alarmas. 🇪🇸👀 🙏🏼 Pronta recuperación a Jesús y que todo quede en un susto 🏟️ Tenerife - Andorra https://t.co/NXopIJ7p9H
— Laliga News (@laligaa_neews) November 2, 2026