Познато кога Ѓоковиќ го почнува походот кон титулата во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во вторник ќе го почне настапот на мастерсот во Париз, а негов прв противник ќе биде Валентин Вашеро.

Ѓоковиќ и Вашеро ќе се соочат во вторник на централниот терен. Програмата почнува во 11 часот, а Србинот и неговиот ривал се очекува да излезат на теренот по 14 часот.

Србинот го чека тешка задача во Париз затоа што мора да стигне до завршницата на турнирот, за да собере бодови кои треба да му помогнат за пласман на завршниот турнир во Торино.

Фото: facebook/Swiss Indoors Basel