Поранешниот голгетер од 40 милиони евра се врати по шест години и даде гол! (ВИДЕО)

Поранешниот напаѓач на Порто и Атлетико Мадрид се врати на терените по повеќе од шест години и веднаш се запиша меѓу стрелците.

Колумбискиот напаѓач Џексон Мартинез кој денес има 40 години се врати во професионалниот фудбал по точно 2.288 дена без официјален натпревар, а враќањето го круниса со гол за победа на Индепендиенте Меделин над Алијанса со 2-1.

Мартинез ја заврши кариерата во декември 2020 година, како фудбалер на португалски Портимоненсе, поради долгогодишни проблеми со повреда на скочниот зглоб, која го мачеше уште од 2015 година.

Претходно настапуваше за Атлетико Мадрид, кинески Гуангжу Евергранде и Порто, каде што од 2012 до 2015 година постигна речиси 100 голови и беше меѓу најдобрите напаѓачи во Европа.

Во септември потпиша договор со Меделин до декември 2026 година, клубот во кој ја започна професионалната кариера во 2004 година. На првиот настап по враќањето, во 87. минута ја искористи одбиената топка по ударот во стативата и донесе победа за својот тим.