Јамал има чудесни бројки, може да ја повтори најдобрата сезона на Меси!

Со само 19 години, Ламин Јамал веќе се наметнува како еден од главните кандидати за освојување на „Златната топка“. Младиот ас на Барселона неодамна заврши на третото место во изборот за најдобар фудбалер во светот, а неговите настапи на почетокот од новата сезона најавуваат дека следната година би можел да направи голем чекор напред.

Јамал повторно беше главен актер во убедливата победа на Барселона над Алавес, постигнувајќи два гола и запишувајќи една асистенција. Со тоа, шпанскиот репрезентативец стигна до фантастичен учинок од 12 погодоци и 11 асистенции на само 14 натпревари во сите конкуренции.

Станува збор за бројки кои потсетуваат на најдобрите денови на Лионел Меси. Последниот фудбалер кој пред 1 ноември во шпанската Примера имал двоцифрен број голови и асистенции бил токму легендарниот Аргентинец, во сезоната 2011/12 кој беше најдобрата во кариерата на Аргентинецот.

Споредбите меѓу Јамал и Меси одамна се присутни, но ваквите бројки дополнително ги разгоруваат. Секако, пред младиот Шпанец има уште многу работа за да се доближи до достигнувањата на аргентинската легенда и останува да видиме во каков ритам Шпанецот ќе продолжи.