Кај голманите немало никакви дилеми, Унаи Симон ја прегазил конкуренцијата!

Aко во битката за најдобар фудбалер разликата беше најмала досега во историјата, кога во прашање се голманите немало многу дилеми.

Унаи Симон наградата пред конкурентите ја освоил убедливо со дури 128 поени разлика пред Давид Раја, додека Тибо Куртоа како трет освоил само 77 гласови.

Симон наградата ја освои најмногу поради своите настпаи на Мундијалот каде што блескаше на голот на Шпанија која ја освои Светската титула. Интересно е што Раја кој беше одличен на голот на Арсенал кај „Фуријата“ ја имаше улогата на негова резерва.

Ќе потсетиме, кога е главната награда во прашање, Кејн заврши пред Мбапе за само 28 поени разлика.