Јамал има чудесни бројки, може да ја повтори најдобрата сезона на Меси!
Јамал повторно беше главен актер во убедливата победа на Барселона над Алавес, постигнувајќи два гола и запишувајќи една асистенција. Со тоа, шпанскиот репрезентативец стигна до фантастичен учинок од 12 погодоци и 11 асистенции на само 14 натпревари во сите конкуренции.
Станува збор за бројки кои потсетуваат на најдобрите денови на Лионел Меси. Последниот фудбалер кој пред 1 ноември во шпанската Примера имал двоцифрен број голови и асистенции бил токму легендарниот Аргентинец, во сезоната 2011/12 кој беше најдобрата во кариерата на Аргентинецот.
Споредбите меѓу Јамал и Меси одамна се присутни, но ваквите бројки дополнително ги разгоруваат. Секако, пред младиот Шпанец има уште многу работа за да се доближи до достигнувањата на аргентинската легенда и останува да видиме во каков ритам Шпанецот ќе продолжи.