Мореира го украде шоуто на „Сан Сиро“: Милан го нокаутира Интер (ВИДЕО)

Милан славеше голема победа од 3-1 против Интер во градското дерби од 10. коло во италијанската Серија А, во натпревар во кој Диего Мореира беше во центарот на вниманието со гол и две асистенции.

„Росонерите“ одиграа одлично прво полувреме и уште во првите 45 минути ја направија клучната разлика. Кристијан Пулишиќ го отвори резултатот со погодок по асистенција на Мореира, кој потоа повторно се најде во улога на асистент, овојпат за Адриен Рабио.

Интер успеа да погоди преку Алесандро Бастони, со што за момент ја врати неизвесноста, меѓутоа Милан потоа зададе нов удар.

Мореира не застана тука, па со вистинско ремек-дело од слободен удар и самиот се запиша меѓу стрелците, со што обезбеди предност од 3-1 на Милан.

„Нераѕурите“ ја контролираа играта во вториот дел и се заканија дури девет пати кон голот на Мењан, меѓутоа не успеаја да ја затресат мрежата на голманот на Милан.

Милан со оваа победа скокна до четвртото место и има 21 бод, додека Интер има 25 поени и се наоѓа на делба на првата позиција со Лацио.

Фото: Facebook/AC Milan