Кристал Палас беше лесен залак, Тотнем влезе во победнички ритам!

Фудбалерите на Тотнем ја запишаа третата победа по ред во Премиер лигата, откако денеска го надиграа лондонскиот ривал Кристал Палас со 2-0.

Проблемите на Кристал Палас почнаа по црвениот картон на Матета, по што казната стигна преку Арчи Греј.

Победата на Тотнем ја потврди Ван Хеке во 73. минута од натпреварот кога стрелаше за 2-0.

Тотнем со оваа победа скокна до осмата позиција и има 12 бодови.

Фото: Facebook/Tottenham Hotspur