Ќе гори во „Јане“: Вардар и Пелистер ќе играат пред полни трибини!

Сите билети за големото македонско ракометно дерби меѓу Вардар и Пелистер се распродадени, соопшти актуелниот македонски шампион.

Вардар потврди дека нема повеќе билети во продажба и ги повикаа навивачите кои ќе присуствуваат на натпреварот да пристигнат најмалку 15 минути порано.

Причината е заедничката кореографија што ќе ја опфати целата сала, како што претходно најавија од таборот на „црвено-црните“.

Дербито меѓу Вардар и Пелистер се игра утре од 17.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.