Историска вечер: Штип ја надигра Струмица за прв триумф во Суперлигата

Кошаркарите на Штип ја надиграа Струмица со 87-81 во мечот од петтото коло во македонската Суперлига.

Двете екипи понудија возбудлива кошарка и неизвесност во првото полувреме, а Штип замина на паузата со предност од 40-37.

Во завршницата од натпреварот повторно се водеше голема борба, а Струмица се доближи на само два поени негатива (79-81), но Штип успеа да ја задржи предноста и да слави со 87-81.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ивица Димчевски со 20 поени, додека Малик Џејкобс запиша 19 поени за Струмица.

Фото: Facebook/ГKK Штип 1933