Спектакл во Минхен: Кејн промаши пенал, Дортмунд освои голем бод (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд понудија вистински спектакл во осмото коло од германската Бундеслига, а на крајот си поделија по еден бод (2-2).

Џоб Белингам прв ја затресе мрежата на протвникот, но голот беше поништен поради офсајд, по што Баерн го возврати ударот и преку Конрад Лајмер поведе во 38. минута.

Серху Гираси ја анулира негативата по еден час игра со голот во 60. минута, откако неколку минути претходно Хари Кејн пропушти шанса да го зголеми водството од пенал.

Дајот Упамекано беше стрелец на вториот гол за Баерн, но „милионерите“ преку Фабио Силва во 89. минута обезбедија бод.

Баерн и Дортмунд се на делба на првата позиција со по 18 бодови.

Фото: Facebook/FC Bayern München