„Пет од пет“ за Работнички: Скопје беше немоќен во градското дерби (ФОТО)

Скопје беше подобар во првата четвртина од натпреварот (20-17), додека Работнички ја презема контролата во вторите 10 минути од мечот.

Работнички направи целосен пресврт (26-23), по што Скопје постојано бркаше негатива, а неколку пати успеа и да израмни, последен пат рпи 40-40, по што гостинскиот тим додаде гас и на паузата замина со 45-40.

Скопје го загуби ритамот во вториот дел, а тоа знаеше да го искористи Работнички кој набрзо стигна до +15 (67-52). Работнички во последната четвртина од мечот го забави темпото, а тоа му помогна на Скопје да избегне потежок пораз (79-89). Најефикасен во победничкиот тим беше Рикиќ со 29 поени, додека Паркер постигна 23 поени за Скопје 2023.

По пет одиграни меча, Работнички е лидер во шампионатот со пет победи, додека Скопје има еден триумф и четири порази.

Во меѓувреме пред салата се случила жестока тепачка меѓу навивачи.

На вториот меч, кој се играше во истиот термин, Тиквеш го совлада ТФТ со 77-74.