Охрид го освои Куманово за седма победа во лигата!
Куманово имаше предност само на стартот (2-1), по што Охрид ја презема контролата и го доби првиот дел со 16-11.
„Гладијаторите“ стигнаа и до максимални „плус осум“ (20-12), по што се опуштија во продолжение од средбата, а Куманово до крајот успеа да намали на четири голови негатива (24-28).
Охрид по девет одиграни меча има седум победи, едно реми и еден пораз, додека Куманово има еден триумф, едно реми и седум порази во лигата.
Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid