Барселона го растури Алавес и повторно е лидер во Ла Лига
Рафиња во осмата минута од мечот го отвори резултатот, а до крајот на првиот дел Барселона постигна уште три погодоци. Повторно во листата на стрелци се запиша Рафиња, но погодија и Фермин Лопез и Ламин Јамал.
Барселона продолжи со нападите и во вториот дел, па погоди преку Јамал и Ентони Гордон за предност од убедливи 6-0.
Алавес постигна почесен погодок во завршницата од мечот, откако Мариано Дијаз ја затресе мрежата на домаќинот за конечни 1-6.
Каталонскиот гигант со оваа победа се врати на врвот во лигата и има 30 бодови, по што следи Атлетико Мадрид со 28, а Реал има 24 поени.
Фото: Facebook/FC Barcelona