Комити ги оставија пелистерци без сон – огномет среде ноќ пред хотелот на битолчани! (ВИДЕО)
Најверните навивачи на Вардар, популарните Комити, им приредија несекојдневно будење на сите од експедицијата на Пелистер - тие среде ноќ, пред хотелот во кој се сместени битолчани, направија огромна бучава со пиротехнички средства и со вистински огномет. Така, се погрижија ракометарите и стручниот штаб на Пелистер да имаат прилично немирна ноќ пред дуелот со големиот ривал.