МВР за тепачката пред Јане: Приведен член на Фемили, малолетник во болница со тешки повреди!
Приведен бил 18-годишник од Скопје М.М, а како што информираат од МВР тепачката се случила кога група од 30 навивачи на Фемили нападнале околу 50 ривали од ЦПБ.
„Според пријавеното, М.М., како член на навивачката група „Фемили Аеродром“, повикувал, поттикнувал и учествувал во тепачка, во која група од околу 30 навивачи на „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, информира МВР.