Брајтон му се реваншираше на Сити, Ајари ги урна „граѓаните“! (ВИДЕО)

Манчестер сити го доживеа вториот пораз во низа откако попладнево Брајтон на „Етихад“ славеше со 1-0.

Ова беше втор натпревар помеѓу двете екипи во само неколку дена откако претходно кон средина на неделата Сити славеше во Лига купот по изведување на пенали (2-2).

Денеска во првенството се радуваше Брајтон, а натпреварот беше одлучен со голот во 11-тата минута. Белгиецот Де Кјупер одлично реагираше по уфрлената топка во шеснаесетникот и мајсторски го проигра Ајари кој го матираше немоќниот Донарума.

Во продолжение гледавме интересен дуел со шанси и на двете страни, Сити имаше поголема иницијатива, повеќе напаѓаше и упати повеќе удари. Сепак, тоа не беше доволно ниту барем за бод.

Со овој триумф Брајтон доаѓа до 19 бода на третата позиција, два помалку од Сити и Арсенал. Сепак, „топчиите“ утре го играат својот дуел со Ливерпул и во него имаат прилика да избијат осамени на врвот.

За Сити денешниот пораз е и втор во низа во Премиер лигата бидејќи во минатото коло беа поразени од Астон вила.

Останати резултати:

Борнмут – Лидс 1-0

Брентфорд – Нотингем форест 2-0

Ковентри – Сандерленд 3-1

Хал – Ипсвич 2-2