Лацио го декласира Сасуоло за петти триумф по ред во лигата (ВИДЕО)
Почетокот на натпреварот понуди големи возбудувања и дури четири погодоци. Најпрво Тејлор погоди за предност на Лацио, а потоа Сасуоло израмни на 1-1 до седмата минута.
Исаксен и Флоријани во рок од неколку минути повторно ја тресеа мрежата на Сасуоло (3-1), а до крајот на првиот дел Еспозито погоди за домаќинот, додека Закањи ја затресе мрежата на противникот за 4-2.
Второто полувреме продолжи во идентично темпо, а Лацио постигна уште два погодоци преку Нослин, иако имаше и два пенали кои не беа реализирани од Закањи и Фратези.
Лацио е лидер во Серија А со 25 бодови, односно три поени повеќе од Интер.
Фото: Facebook/S.S. Lazio