Гаштаров: Многу учам од Риера, ми даде шанса и јас ја искористив!
Гаштаров вчера потпис нов договор со Звезда според кој треба да остане во белградскиот гигант до 2031 година. Во своето интервју, Гаштаров истакна дека доаѓањето на Риеа на клупата многу му помогнало во развојот.
„Кога дојде Риера многу ми помогна, ми даде шанса и мислам дека ја искористив. Се трудам на секој тренинг да се докажувам и да учам. Со Риера научив многу за фудбалот, среќенб сум и го слушам секојдневно за да станам уште подобар“, порача македонскиот фудбалер.
Со добрите настапи во Звезда си обезбеди и повик во македонкстата репрезентација.
„Многу сум среќен што бев повикан и што ги одиграв тие четири натпревари. За тоа сонував уште како дете. Не очекував дека сето ова може да се случи толку брзо, но спремен сум и мислам дека тоа го покажав“, истакна нашиот репрезентативец.
Целото интервју на Гаштаров може да го прочитате – ТУКА.