Чупиќ го одреди составот за дуелот против Нант (ВИДЕО)
Како што беше најавено, во тимот се враќа Урош Митровиќ, кој ја одработи суспензијата од четири натпревари и повторно ќе може да настапи на европската сцена. Неговото враќање е особено важно за „црвено-црните“, кои ќе бидат без Мохаб Абделхак и Махамаду Кејта.
За дуелот во Франција, Чупиќ ќе смета на следните ракометари: Стојановски, Воркапиќ, Георгиевски, Љевар, Лазаревски, Тузолана, Валах, Анастасовски, Педро, Митровиќ, Малус, Јанковски, Фадхуле и Гогов.
Вардар во Нант пристигнува по два последователни европски порази со минимални 32-33, прво од францускиот тим во Скопје, а потоа и од Висла во Плоцк. Токму затоа, вечерва ќе се обиде да ја прекине негативната серија и да покаже дека може да се надигрува со ривалите во Лигата на шампионите.