Јавно го критикуваше Монтела на Мундијалот, а сега стана негов наследник
Фудбалската федерација потврди дека со 53-годишниот стратег и неговиот тренерски штаб е договорена четиригодишна соработка.
Јалчин го наследи Италијанецот Винченцо Монтела, кој ја напушти клупата на Турција пред неколку недели. Јалчин, по поразот на Турција од Парагвај на Светското првенство, како телевизиски коментатор го критикуваше изборот на играчи на Монтела и начинот на игра.
„Да бев јас на местото на Монтела, или да беше тука Фатих, ќе ја креневме оваа екипа до небо“, изјави тогаш Јалчин, мислејќи на Фатих Терим.
Првиот предизвик на клупата на Турција, Јалчин го очекува во ноемврискиот репрезентативен термин.