Сензација во Вухан: Тенисерка која е 170. во светот ќе игра финале (ВИДЕО)
24-годишната тенисерка славеше по голема борба, спасувајќи по три сет-топки во двата сета. На патот до најголемиот успех во кариерата, таа совлада една актуелна и три поранешни тенисерки од топ 10, и тоа со само еден загубен сет.
Во првото коло ја совлада Анхелина Данилина (48. на ВТА-листата), а во следните две кола беше подобра од Белинда Бенчиќ (12.) и Јасмин Паолини (33.). Пред полуфиналниот дуел со познатата Летонка, Картал ја елиминираше и Елина Свитолина (6.).
WHAT A MOMENT 🤩 Sonay Kartal is into the final in Wuhan! #dongfengvoyahwuhanopen https://t.co/C6RyteZj9b
— wta (@WTA) October 17, 2026
Девојката од Сидкап во минатото беше 44. тенисерка во светот, а моментално се наоѓа дури на 170. позиција на ВТА-листата. Но, тоа наскоро ќе се промени, таа веќе обезбеди скок од дури 120 места, односно напредок до 50. позиција. Доколку го освои трофејот и ја круниса својата тениска бајка, ќе го оствари најдобриот пласман во кариерата и ќе се искачи на 36. место.