Алкалоид и Бутел денеска ги чекаат европски битки!

Maкедонските суперлигаши Алкалоид и Бутел денеска ги играат своите натпревари во ЕХФ купот.

Алкалоид игра на свој терен во Автокоманда и ќе ја има фаворитската улога против австрискиот Ферлах.

Избраниците на Лазаров се рангирани како едни од најголемите фаворити за освојување на трофејот на кој се израдуваа пред две години, па така и во овој двомеч тие ќе ја имаат фаворитската улога.

Сепак, Лазаров не ги потценува.

„Противникот доаѓа од држава чија национална селекција е во подем. Имаат искусни играчи со квалитетно минато. Добро се воиграни и имаат добар ракометен систем. Треба да имаме максимален респект кон Ферлах. Бидејќи се работи за елиминациски натпревар, мораме да бидеме максимално фокусирани и дисциплинирани во сите 60 минути. Очекувам тврд натпревар со многу трчање и убави потези“, порача Лазаров пред дуелот.

Дуелот во Автокоманда е закажан за од 19:00 часот.

Еден час претходно Бутел ќе го започне својот натпревар против Горица од Хрватска и тоа на гостински терен. Тимот на Стоилов ќе се обиде да дојде до резултат кој ќе ги остави во игра и пред реваншот кој е закажан за седум дена во Скопје.