Манчестер Сити не се предава: Гигантот имал докази со кои ќе ја урне пресудата
Англискиот клуб верува дека располага со докази со кои може да ги оспори обвинувањата на независната комисија и да избегне тешка санкција.
Според информациите на британски „Телеграф“, правниот тим на Сити смета дека во пресудата има суштински грешки во толкувањето на финансиските податоци и комерцијалните договори.
Клубот поднесе жалба и бара повторно разгледување на документите, сметководствените записи, договорите поврзани со владата на Абу Даби и исказите на сведоците.
Како дел од одбраната, Сити наводно ќе се повика на банкарски изводи, официјална државна документација и потврди од спорниот период.
Да потсетиме, Независната комисија претходно го прогласи Сити за виновен за прекршувања на финансиските правила во периодот од сезоната 2009/10 до 2017/18
Фото: Facebook/Manchester City