Струга ја доби Шкендија (А) во Чаир и им се врати победите (ФОТО)
Фаворитот денеска одигра подобар натпревар и ја имаше контролата во најголем дел од времето и на крајот заслужено се радуваше на трите бода. Резултатот беше отворен по само девет минути игра кога мрежата на домашниот состав ја погоди Бојку.

По голот за водство следуваа неколку добри прилики за стружани, а при една таква во 26-тата минута дефанзивецот Мартин Тодоров направи пенал. Судијата на теренот прво не реагираше, но по сигнализација од ВАР досуди најстрога казна и го испрати Тодоров во соблекувалната.
Сигурен реализатор на ударот од 11 метри беше искусниот Марјан Радески. Во продолжение од натпреварот Струга сигурно ја чуваше предноста и ги освои бодовите со кои стигна до лидерското место.

Стружани имаат 20, исто колку и Шкендија која утре го игра својот натпревар од ова десетто коло и тоа против последнопласираниот Скопје. Блиску со 17 е и Вардар кој денеска ќе ги одмери силите со Брегалница во Штип.



