Mурињо: Да бев јас Винисиус, веќе немаше да бидам во Реал
Винисиус повторно е во центарот на вниманието, откако доби суспензија од четири натпревари поради исклучувањето на дуелот против Виљареал.
„Да бев на местото на Винисиус, веројатно немаше да бидам тука. Уште ова лето ќе инсистирав на заминување во земја или на стадион каде што ќе ме почитуваат. Но, поради љубовта кон клубот и градот, тој верува дека работите сепак можат да се подобрат. Тој го продолжи договорот и го направи тоа со насмевка на лицето. Винисиус е еден од најважните позитивни фактори во тимот. Со сите има добри односи. Менталната сила што ја поседува, по сè низ што помина, како и фактот дека сè уште може да се насмее, навистина е неверојатна“, изјави Мурињо.
Реал Мадрид натпреварот против Севиља на свој терен го игра утре во терминот од 21:00 часот.