Тешка повреда на Мартинез, Челси мораше да менува голман со Евертон (ВИДЕО)

Aргентинскиот чувар на мрежата на Челси, Емилијано Мартинез заработи веројатно тешка повреда по еден дуел со дефанзивецот, Брантвајт.

Според снимката изгледа дека дојде до удар директно со главите на дефанзивецот на Евертон и голманот на Челси. Брантвајт по укажаната помош го продолжи натпреварот, но Мартинез помина многу потешко.

Не е познато со каква точно повреда се заработи, но со оглед на тоа дека прекинот траеше околу седум минути и беше изнесен на носилки за жал најверојатно станува збор за нешто посериозно.

На местото на Аргентиенцот во игра влезе Белгиецот Пендерс за кого ова е деби во најсилната англиска конкуренција.