Победата на Челси над Евертон во сенка на повредата на Мартинез (ВИДЕО)

Екипата на Челси славеше победа од 2-0 на гостувањето кај Евертон, но победата на „сините“ остана во сенка на тешката повреда на Емилијано Мартинез.

Првото полувреме не донесе погодоци и Челси триумфот го обезбеди во вториот дел кога ги постигна двата гола.

Само што почна второто полувреме во листата на стрелци се запиша Нето за 1-0. Челси продолжи да биде подобар противникот по водството, Евертон ретко се закануваше, но нов гол се до завршницата немаше.

На 20-тина минути пред крајот дојде и до прекин од околу седум минути поради повреда на голманот Мартинез. Аргентинецот по едно нафрлување имаше судир со дефанзивецот на домаќините Брантвајт кој по укажаната лекарска помош на теренот го продолжи дуелот.

 Мартинез сепак не беше во ситуација и со носилки мораше да биде изнесен од теренот, на нагово место влезе Пендерс за кого ова беше прв настап во најсилната англиска конкуренција.

Конечниот резултат го постави Нето со својот втор гол во 90-тата минута. Челси со овие три бода доаѓа до бројката од 13 на четвртата позиција, додека Евертон е шести со десет.