Николов ги расплака „своите“, Вардар го освои Штип

Шампионот Вардар ја оправда фаворитската улога и од гостувањето во Штип кај Брегалница се враќа со победа од 1-0.

Вардар не одигра на највисоко ниво, но доволно за да дојде до победата со која се израмни на врвот на табелата.

Херој за „црвено-црните“ беше Бобан Николов кој одлично се снајде во 24-тата минута и со силен удар го матираше голманот на домаќините за 1-0. По постигнатиот гол, Николов покажа почит и не славеше против својот матичен клуб.

Брегалница знаеше на моменти да испрати закана, но Талевски секогаш беше на висина на задачата.

Сега на табелата Вардар има 20 бода, колку што имаат и Шкендија и Струга. Струга денеска претходно ја победи Шкендија Арачиново, додека Шкендија утре го игра својот натпревар од 10. коло и тоа против последнопласираниот Скопје.