Баења со еврогол во 89. минута му донесе петта победа по ред на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Херој на „јорганџиите“ беше Алекс Баења, кој во 89. минута постигна феноменален погодок од 20 метри, сместувајќи ја топката во горниот лев агол. Со овој триумф, мадридскиот тим ја запиша својата петта победа во низа во домашното првенство. Гостите уште во првите десет минути покажаа дека ќе го диктираат темпото на теренот, но Ли Канг-Ин и Џулијано Симеоне пропуштија полуприлики, додека Џонатан Дејвид биеше над голот. Симеоне имаше уште една добра шанса во 29. минута кога лошо ја исконтролира топката, а на спротивната страна Еспањол се закани преку Фернандез, чиј удар со глава заврши покрај голот. Најголемата шанса за домаќините во првиот дел ја имаше Кабрера пред самото заминување на пауза, но неговиот удар заврши само во пречката.
Во второто полувреме Атлетико продолжи да доминира преку поседот на топката и континуирано да создава прилики. Во 61. минута Љоренте се обиде од далечина, но и тој ја погоди рамката од голот. Како што одминуваше времето, се нижеа нереализираните шанси на Џонатан Дејвид, ударот од далечина на Алварез и обидот со глава на Хјулманд. Алварез имаше уште еден голем зицер, но домашниот голман Фортуно брилијантно интервенираше. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, на сцена стапи извонредниот Баена. По двете асистенции на претходните два меча, тој овојпат ја презеде одговорноста и со маестрален удар во 90. минута сосема заслужено ги обезбеди трите бода за гостите од Мадрид.
Атлетико Мадрид со овие три бода остана на втората позиција со 22 бодови, два помалку од лидерот Барселона, која има и натпревар помалку.