Ѓоковиќ се израмни со Лендл, далеку напред се Федерер и Конорс

Новак Ѓоковиќ продолжува да испишува историја во тенисот. Србинот се пласираше во финалето на АТП-турнирот во Пекинг, откако во полуфиналето го совлада Данил Медведев со 7-5, 5-3, по што Русинот беше дисквалификуван.

Со тоа, српскиот ас стигна до 146. финале во кариерата на АТП-турнирите и се израмни со легендарниот Иван Лендл на третото место на вечната листа.

Пред нив се само Џими Конорс со 164 финалиња и Роџер Федерер со 157. Рафаел Надал е зад нив со 131 финале. Дополнително, 39-годишниот Ѓоковиќ продолжи со неверојатниот учинок во Пекинг. Тој сега има 33 победи без пораз на Кина Опен и ќе се бори за својата седма титула на турнирот. 

Во финалето ќе игра против Алекс де Минор. Австралиецот до завршниот меч стигна откако Хуберт Хуркач го предаде полуфиналето при резултат 6-4, 3-2. За Ѓоковиќ ова ќе биде второ финале во сезоната и можност за уште еден голем трофеј во кариерата. Воедно, ќе има шанса да стигне и до 102. титула во кариерата и во овој сегмент пред него остануваат Федерер и Конорс.