Најдобро рангираниот азиски тенисер во историјата ја заврши кариерата! (ВИДЕО)
Нишикори одлуката за повлекување ја објави во април, а тогаш не криеше дека му е тешко што се збогува со тенисот.
„Љубовта кон тенисот и вербата дека можам да станам подобар играч секогаш ме враќаа на теренот. Искрено, и понатаму би сакал да продолжам со кариерата. Сепак, кога ќе се осврнам на сè што е зад мене, гордо можам да кажам дека го дадов максимумот од себе. Навистина сум среќен што го избрав овој пат“, порача Нишикори.
Кариерата ја завршува со 12 АТП титули, финале на Ју-Ес Опен, четири финалиња на мастерс-турнирите и четири настапи на завршниот турнир во сезоната. Со четвртото место на АТП-листата стана најдобро рангираниот азиски тенисер во историјата.
And with that, Kei Nishikori has played his final tennis match on the ATP Tour 🥹♥️#KinoshitaJOTennis pic.twitter.com/VbKr9Hv7bS
— ATP Tour (@atptour) October 1, 2026
Тој порасна во Шимане, а со тенис почна да се занимава на петгодишна возраст, кога татко му му дал рекет. На само 14 години се преселил на Флорида за да тренира на академијата ИМГ, иако тогаш не зборувал ниту збор англиски.
Од момче кое поради тенисот заминало на другиот крај на светот, стана најуспешниот јапонски тенисер во Опен ерата и еден од играчите кои придонесоа за популарноста на овој спорт во Азија.
Фото: ATP Tour