Седлоски со драстичен рез: Осум нови фудбалери во стартниот состав со Словенија, го нема Барди, одбраната целосно нова!
Само три дена по убедливиот пораз од Швајцарија (0-3), Македонија вечерва во Љубљана ќе истрча со дури осум нови имиња во стартните 11.
Најголемото изненадување е што го нема капитенот Енис Барди, а одбраната е практично целосно променета. Во последната линија стартуваат Аломеровиќ, Мелиќи, Младеновски и Стојчевски – четворица фудбалери кои не беа стартери против Швајцарија.
Седлоски вечерва се одлучи за состав:
Димитриевски – Аломеровиќ, Мелиќи, Младеновски, Стојчевски – Гаштаров, Атанасов, Елези – Елмас – Омерагиќ, Митровски.
Од стартниот состав против Швајцарија остануваат само Димитриевски, Гаштаров и Елмас, што доволно зборува колку радикална е промената.
Во составот воопшто ги нема Костадинов и Херера, а шанса од клупата ќе чекаат: Талески, Шишковски, Зајков, Илиевски, Муслиу, Станковски, Миовски, Барди, Растодер, Џеков, Дориев и Малески.
По поразот и лошата игра на дуелот со Швајцарија, Седлоски очигледно реши да направи сериозен пресек и да им даде шанса на играчите кои вечерва против Словенија треба да покажат дека заслужуваат место во стартните единаесет.