Фердинанд се израдува по веста за Сити: Доаѓа уште еден медал во колекцијата!

Во англискиот фудбал денеска одекна веста за исходот од долгогодишниот процес против Манчестер Сити, кој е прогласен за виновен по речиси сите точки од обвинението за прекршување на финансиските правила.

Според информациите на новинарот Дејвид Орнштајн, независната комисија утврдила одговорност кај актуелниот вицешампион дури по 114 од вкупно 115 обвиненија.

Иако веднаш почна да се шпекулира за ригорозни казни, како одземање бодови, па дури и исфрлање од лигата, конечниот епилог ќе почека по жалбената постапка која клубот од „Етихад“ се очекува да ја отвори.

Штом деталите од пресудата излегоа во јавноста, следуваше експресна и многу провокативна реакција од таборот на градскиот ривал.

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, се огласи на социјалните мрежи и директно се осврна на потенцијалното менување на историјата на Премиер лигата.

„Уште еден медал од Премиер лигата за мојата колекција“, порача поранешниот дефанзивец.

Со овој коментар, поранешниот англиски дефанзивец алудираше на познатата завршница на сезоната 2011/12, кога Сити во последните секунди му ја одзеде титулата на Јунајтед.

Коментарот на Фердинанд набрзо стана тема во англиските медиуми, иако самото одземање на претходно освоените трофеи сè уште е далеку од официјална потврда.