Мбапе почна со тренинзи со репрезентацијата и веднаш предизвика проблем
За Мбапе ова е втор последователен ден во кој не тренира целосно со соиграчите. На вчерашниот тренинг тој останал во внатрешните простории на базата во Клерфонтен, со цел да се опорави.
Ситуацијата е непријатна за новиот селектор на Франција, Зинедин Зидан, кој токму против Турција ќе го има својот официјален дебитантски натпревар на клупата на националниот тим. Зидан ја презеде функцијата по Светското првенство во јули, а Мбапе остана капитен и една од клучните фигури во неговиот состав. Евентуалното отсуство на напаѓачот би било значаен проблем за Франција, особено по неговиот одличен старт на сезоната со Реал Мадрид. Мбапе досега има седум настапи како стартер за мадридскиот клуб, со седум постигнати голови и две асистенции.
Франција е во група со Турција, Белгија и Италија. Првиот натпревар против Турција ќе се игра во петок во Истанбул, додека на 28 септември „петлите“ ќе гостуваат кај Белгија во Брисел.